Бејли: Не постои подобро време од сега да се одврзе јазолот околу спорот за името


САД се фрустрирани што патот на Македонија за членство во НАТО не е побрз, изјави денеска американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. Тој во обраќањето по повод Денот на НАТО рече дека Вашингтон останува силен поддржувач за членство на земјава во Алијансата, при што има три области – односите со Грција, подготвеноста на армијата, почитувањето на демократијата и владеењето на правото, во кои Македонија може да дејствува, а САД да помогнат, процесот на пристапување да се придвижи напред.

За соработката Македонија – Грција, Бејли вели дека, и двете земји се поттикнуваат да најдат решение за името и оти двете земји во изминатиот период ја зајакнале комуникацијата.bejli

„Мигрантската криза исто така ја покажа стратешката потреба од соработка помеѓу земјите. Не постои подобро време од сега за да се одврзе јазолот околу спорот за името, а САД и меѓународната заедница ќе пружат поддршка во овие напори“, истакна Бејли.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски говорејќи за пристапувањето на Македонија во НАТО, рече дека земјава посветено работи, при што изрази надеж дека на претстојниот самит на Алијансата во Варшава земјите-членки ќе најдат начин високо на агендата да го стават прашањето за проширување.

„Се надевам дека на самитот во Варшава нашиот јужен сосед ќе ја почитува пресудата и препораката на високиот судски орган на светската организација Меѓународниот суд за правдата“, изјави Јолевски.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1