Вељаноски за ТВ НОВА: Собранието се распушта на 7 април – Новите министри на ДУИ ќе се гласаат утре


Во ексклузивно интервју за Телевизија Нова, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, за утре на пладне најави нова седница на која ќе бидат претставени предлозите за нови министри и заменици министри од Демократската унија за интеграција.tvnova-veljanovski-640x273

Вељановски во интервјуто вели дека Собранието ќе се распушти на 7 – ми април.

Сите треба да ги почитуваат и признаваат институциите. Катица Јанева го деградира уставно – правниот поредок, вели Вељаноски.

Целото интервју во видеото на Телевизија Нова.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во интервју за ТВ НОВА зборуваше за позитивната пракса која ја воведе ВМРО-ДПМНЕ преку презентирање Програма пред секои избори и Отчет за сработеното на крајот на мандатот со што се наметна темпо како треба да работи една политичка партија.

Можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ воведе една добра пракса која што постои во сите демократски земји, да даде претходно пред граѓаните пред да го извршат изборот што очекуваат граѓаните од таа политичка партија на која треба да го дадат изборот значи ние секогаш идеме со програма и воспоставена пракса, по завршување на мандатот независно дали се редовни или вонредни парламентарни избори да се отчиташ пред граѓаните на Р.Македонија што имаш направено. Тоа е нешто што го воведе ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години и кое што би требало да биде поддржано од сите политички опции, да има простор граѓанинот да избира меѓу програмите да избира за напредок, за успех на државата на Македонија и на него лично како избирач, а не да избира измегу програма и деструкција. Затоа што секогаш граѓаните од било која држава избираат напредок, сакаат успех, не деструкција, уназадување, создавање кризи, рече Вељаноски.

Тој зборуваше за начинот на кој гласаат граѓаните, потенцирајќи дека тие гласаат за онаа политичка опција која ќе им понуди напредок, подобра иднина и подобар економски просперитет.

– Граѓаните во овие изминати 25 години демократски избори се научија да гласаат за, доста гласаат против. Значи гласаат за некому кој што мисли дека ќе му направи напредок, иднина подобра и подабар економски просперитет на било кој, не гласаат за казнување на некој како за жал во првите години од демократскиот поредок во Р.М. воведување на плурализмот, тогаш се гласаше против, сега се гласа за и затоа политичките опции треба да се борат да го придобијат за нив изборот од граѓаните во Република Македонија, рече тој за ТВ НОВА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1