Од сеф во хрватското МВР украдени два килограми злато и 280.000 евра


Непознати сторители синоќа провалиле во канцеларијата на началникот на службата за организиран криминал, Жељко Долачки, во зградата на хрватското МВР, во улицата „Хеинзелова“ и украле два килограма злато и 280.000 евра, дознава весникот „Јутарњи лист“.mvr-hrvatska

Утринава бил пронајден сефот на началникот, превртен и отворен, а сторителот или повеќето сторители на вториот кат од зградата влегле преку надворешните противпожарни скали.

Се уште не е познато дали освен пари и злато се украдени и доверливи документи.

Информацијата за кражбата за „Јутарњи лист“ ја потврди и загрепската полиција. Инаку, на влезната врата од зградата има 24-часовно полициско присуство.

Увидот е во тек, а се дознава дека на местото на настанот се наоѓа и екипа од Државното обвинителство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1