24 часа драма: Еве каде ја чекал убиецот – Сите детали за потрагата и трагичната смрт на Јелена (ФОТО)


Пред исчезнувањето во саботата, а потоа и нападот и бруталното убиство, пејачката на „Ѕвездите на Гранд“ Јелена Марјановиќ (33) отишла на џогинг на каналот во борчанската населба Црвенка.

Нејзиното безживотно тело е пронајдено во неделата во каналот, заплеткано меѓу врбите, а по тој повод на сослушување во полиција повикани се нејзиниот свекор и сопруг Зоран.Jelena-Krsmanovic-ubistvo2-620x350

Пет метри од унаказениот леш, на кој можеле да се видат сериозните повреди на главата нанесени со тап предмет, најверојатно чекан, полицијата наводно открила и тренерки, патики и мобилен телефон, како и траги од крв.

Вака изгледала 24- часовната драма и потрага по пејачката Јелена Марјановиќ, која за жал заврши трагично.

Сабота

15:00 Јелена со сопругот и ќерката од дома излегува на прошетка

15:35 Јелена се слуша со мајка и

15:50 Јелена се одделува од семејството и оди на трчање

16:50 Повикот од нејзината мајка е одбиен

17:20 Некој го прифаќа повикот, но молчи 43 секунди

20:00 Исчезнувањето пријавено во полиција, која одма почнува истрагаJelena Krsmanovic_020416_Ras_1000x0

Недела

12:00 Пронајдени тренерката, патиките и мобилниот телефон на Јелена

13:00 Полицијата соопштува дека е пронајдено телото на Јелена

13:30 Нејзините роднини ја дознаваат трагичната вест

15:00 Однесено телото на Јелена кое е најдено покрај насипот во населбата Црвенка

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1