Бекамови пред развод по 16 години брак?!


Деновиве американските медиуми шпекулираат дека Викторија и Дејвид Бекам донеле одлука да се разведат.

Гласините за нивниот развод по 16 години брак ги поттикна модната дизајнерка и поранешната членка на групата „Спајс грлс“ Викторија Бекам која се подложи на ласерски третмани за повлекување на тетоватажата која ја посветила на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.1be

Имено, таа на грбот имаше истетовирана реченица на хебрејски: „Јас припаѓам на мојот сакан и мојот сакан ми припаѓа мене“.

Ова не е единствена тетоважа која таа ја повлече во текот на изминатите месеци. Беше повлечена и датата на обнова на нивните брачни завети кои ги истетовирала во 2006 година на зглобот на раката, но и фразата „повторно од почеток“ на латински.

Иако таа тврди дека отстранувањето на тетоважите не е поради недоразбирања со својот сопруг, туку сериозноста на нејзиното име во модната индустрија, сепак  приказната за нивниот развод наголемо кружи низ медиумите.

Двојката се венчаше во 1999 година, а во бракот добила четири деца: синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер Севен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1