Се разбудил од кома после 11 години и прашал за Федерер


Еден голем навивач на Роџер Федерер, Хесус Апарисио, пред точно 11 години настрадал во тешка сообраќајна несреќа, поради која што бил во кома цели 11 години. Тој по будењето, прашал каде е Федерер и што се случува со него.

Хесус неочекувано се разбудил од кома на крајот од минатиот месец, и прво нешто што прашал било што се случува со неговиот миленик Федерер, кој кога паднал во кома имал околу 23 години и бил млад и перспективен тенисер, додека сега е мастер на Грен-слемовите.federer

„Ми дојде како блесок во мојата глава, прашав за Федерер. Мислев дека се повлекол од тенисот, а кога ми рекоа дека и со 34 години игра се уште тенис, и дека е втор на АТП листата, мислев дека се шегуваат со мене. Кога ми рекоа дека освоил 17 Грен-слем трофеи, се фатив за глава. Знаев дека е голем играч, но на крај памет не ми падна дека е можно да освои толку признанија, вели Хесус.

Хесус го проследил финалето на УС ОПЕН пред неколку дена помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

„Ме изненади како добро игра, но и овој Ѓоковиќ е многу добар. Се надевам дека ќе можам да гледам еден натпревар на Федерер во живо пред тој да ја заврши кариерата. Можеби и неговиот 18ТИ Грен-слем“, биле зборовите на човекот кој повеќе од една деценија бил во кома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1