ФОТО: Новинар загина во страшна сообраќајка, колегите се борат за живот


Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово кај бугарскиот град Ловеч, животот го загуби еден новинар од бугарската новинска агенција БГНЕС, а двајца негови колеги се во болница и состојбата им е тешка, јавуваат бугарските медиуми.bgnes

Поради несреќата, агенцијата соопшти дека денес нема да објавува вести.

Сообраќајката се случила на патот Софија – Варна на крстосница близу градот Ловеч. Се судриле два автомобила – во едниот биле тројца новинари, кои биле повредени и веднаш пренесени во болницата во Ловеч, но за жал еден таму починал, а другите двајца се во тешка состојба. Возачот на другиот автомобил бил полесно повреден.

Новинарите биле на службен пат за Трново, од каде требало да известуваат од прославата на Денот на независноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1