ФОТО: Вооружена група ги киднапираше овие четири лица


Вооружена група луѓе од еден туристички центар во јужниот дел на Филипините киднапирале двајца Канаѓани, еден Норвежанец и една Филипинка.

Во соопштението на воените власти се вели дека грабнувањето се случило во понеделникот околу полноќ во познатото одморалиште „Холидеј Оушнвју“ на малиот остров Самаи, недалеку од брегот на Минданао.kkkidnapiraniii

Властите се уште не го знаат идентитетот на грабнувачите, кои побегнале со чамец, но веруваат дека не станува за киднапирање поради откуп, туку дека четворицата грабнати биле цел на напаѓачите.

Од почетокот на 90-те години на 20-от век, реонот на јужните Филипини се соочуваше со повремени инциденти со киднапирања, што ги извршуваа разни муслимански групи кои подоцна бараа откупнина за да ги ослободат грабнатите, главно странски туристи.

Филипинските власти соопштија дека грабнатиот Норвежанец бил менаџер на одморалиштето, додека Филипинката била партнерка на еден од двајцата Канаѓани.

Двајца јапонски туристи кои се нашле на местото во моментот додека напаѓачите ги грабнале четворицита киднапирани, се обиделе да го спречат грабнувањето.

Војската воведе поморска блокада околу островот Самаи, во обид да спречи киднаперите да избегаат на некои од подлечните острови, кои важат за упоришта на муслиманските групи.

Островот Самаи последниве години важи за безбедно место, затоа што последниот ваков инцидент се случи во 2001 година, кога исламистичката група Абу Сајеф грабнуваше туристи и ги држеше по кампови на разни одалечени острови

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1