Пресс 24 дознава дека изминативе неколку денови имало блиска средба меѓу Зоран Заев и Бекир Асани околу најавите за објавување на нови снимки поврзани со функционери на ДУИ.
Бекир Асани на средбата дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на Зоран Заев аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста
На Зоран Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располагаше Зоран Заев, но и лица блиски до СДСМ.
Во однос на членот на СДСМ и близок пријател на Заев, Захир Бекири чауш, од страна на Бекир Асани било посочено дека за него е побезбедно да остане во затвори да каже каде се ги продал и дистрибуирал снимките кои му биле предадени од Заев.
По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците
Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали
Зоран Божиновски кој во моментов е во бегство во Србија и кој всушност го објави разговорот помеѓу Ермира Мехмети и Муса Џафери, најави дека ќе објавел нови разговори од кои дел се однесуваат токму и на Бекир Асани, но се откажа од намерата со образложение дека наводно српските служби му посочиле дека не е безбедно да продолжи да објавува приватни разговори од функционери на ДУИ.
Press24