Бела пена во Охридско езеро – се загадува од албанска страна (Фото)



Фосфор се излеал во Охридското езеро кај граничниот премин Свети Наум, на албанскиот дел од Охридското езеро, кај селото Дрилон, било забележано како големи количини на пенаста материја се влева во езерската вода, јавува Вест .

Аријан Мероли од албанска страна во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро ги информирал охридските екологисти дека во езерската вода се излеал фосфор од пречистителната станица кај Подградец.
Од ЕК Грашницаа од Охрид упатија соопштение до јавноста по повод инцидентот:

-Хранењето на езерото со фосфор преку вакви инциденти енормно го забрзува растот на водната вегетација која потоа се распаѓа, за тоа треба кислород и се појавува недостаток на овој клучен елемент за нормален живот на водниот свет. Се јавува домино ефект, а пастрмката е прва на удар која живее во води богати со кислород. Тоа може да се спореди со канцер кој придонесува за побрзо стареење и умирање на езерото, т.е. крајна фаза мочуриште.

Бараме истовремено нашите надлежни да ја проверат работата на пречистителната станица на македонска страна која ги испушта пречистените води во Црн Дрим. Многупати сме реагирале за неработењето на пумпните станици и внес на отпадни води на повеќе локации бајпасот кај Грашница, Далјан, Подмолје. Ова е инцидент кој никако не смее да се повтори!

Овие фотографии биле направени вчера, а ги објави порталот Охрид лајв. На нив се гледа како директно во езерото се влева пена.

Фото : ohridlive.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1