„Белата вдовица“ го организирала масакарот во Најроби – ги води терористите дури од Британија (Видео)


Со терористите кои во кенискиот шопинг центар убиле 68 лица управувала 29-годишната Саманта Левтвајт, белата вдовица на еден од напаѓачите кој се самоубил во Лондон.
samantaКако што тврди „Дејли меил“, таа е Британка, а нејзиниот маж Џеремаја Линдсеј бил еден од терористите кои на седми јули 2005 година се разнел во терористички напад во Лондон.
Британскиот весник пишува дека нејзиното име милитантната група Ел Шабаб, која ја презела одговорноста за напад на трговскиот центар во Најроби, го објавила на „Твитер“, заедно со имињата на уште осум лица за кои тврди дека учествуваат во нападот.
„Шерафија Левтвајт ака Саманта е храбра дама. Ние сме среќни што ја имаме во своите редови“, напишале на „Твитер“ припадници на екстремистичката група, наведувајќи го муслиманското име кое сега го користи таа Британка.
И припадниците на кениската војска сметаа дека Саманта е „мозок“ на операцијата во Најроби. „Таа се’ контролира, таа бела жена. Таа им наредува што да направат“, рекол еден војник.
Ирскиот весник „Индепендент“ пишува дека Саматна по потекло е од Ирска, која од 2005 година, уште во тинејџерска фаза, неколку недели по нападите во Лондон, заедно со двете деца кои ги имала со бомбаш самоубиец- исчезнала.
258456_samantha-lewthwaite_f 336462_samantha-lewthwaite_f

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1