БЕЛГИЕЦОТ РИКЕМАН ПОБЕДИ НА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН


Брајан Рикеман од Белгија е победник на 28-мо издание на Охридскиот пливачки маратон,откако во неизвесен финиш беше побрз од Поп Ацев.

Брајан Рикеман од Белгија е победник на годинaшното 28-мо издание на Охридскиот пливачки маратон, што се плива во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).tomi-i-pop-acev1_0

Рикеман патеката „Климе Савин“ долга 30 километри ја исплива за 5 часа, 41 минута и 47 секунди. Успеа во жестоко темпо и драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи со кои во група речиси истовремено ја мина последната контролна точка кај Канео.

Втор целта кај Градското пристаниште во Охрид со безмалку една секунда задоцнување ја мина нашиот Евгениј Поп Ацев, додека третопласиран е французинот Жоан  Едел.

 Во женска конкуренција најбрза беше Силие Рибарова од Чешката Република, водечката и во генералниот пласман. Таа во исто така драматичен финиш за дел од секундата мина низ целта пред аргентинката Пилар Геихо. Третото место кај маратонките и припадна на Ана Манкевич од Русија.

Ловоровиот венец на победниците им ги врачи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој е покровител на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата.Водечкиот во генерланиот пласман до овој маратон, нашиот искусен пливач Томи Стефановски, во финишот на трката, не го издржа силниот ритам на далеку помладите маратонци, и на крајот го освои само осмото место. Сепак, нашиот маратонец, и понатаму ги задржа високите шанси да триумфира сезонава во генералниот пласман, бидејќи новиот лидер, Едел има 52 бода, само еден повеќе од Стефановски.Последната маратонска трка, на која што ќе се решат дилемите околу победникот на генералниот пласман, ќе се плива на 7.септември во Капри-Неапол, Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1