Белгија денеска ги затвори своите дипломатски претставништва во Турција, пренесе турската телевизија НТВ.
Дипломатски извори соопштија дека одлуката за затворање на главниот конзулат на Белгија во Истанбул и на нејзините дипломатски претставништва во престолнината Анкара била донесена по денешните атентати во Брисел.
Претставништвата на оваа европска држава во Турција нема да работат денеска и утре.
Телевизијата НТВ информира дека турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажала два лета за Брисел, а авионите кои полетале од Турција за белгиската престолнина по атентатите биле пренасочени кон Амстердам.
Авиокомпанијата соопшти дека до 24 март нема да продава билети за патувања од Истанбул за Брисел.