Звучи неверојатно, но одбранбениот играч на „Галатасарај“, Белгиецот Џејсон Денајер (20) доживеал три терористички напади во период од две недели, пренесуваат турските медиуми.
Неговата приказна започнала на 13 март кога неколку минути по натпреварот помеѓу „Галатасарај“ и „Генчлербирлиг“ експлодирала автомобил-бомба во близина на стадионот „Мајис“ во Анкара.
Шест дена подоцна, како што пренесуваат турските медиуми, бомбашот самоубиец извел нов напад во Истанбул, а Денајер во тоа време се подготвувал за дербито со „Фенербахче“ кое на крај било откажано.
Во меѓувреме му пристигнал повик за во белгиската репрезентација, а вчера кога пристигнал во Брисел непознати лица изведоа терористички напад во центарот на градот, како и на аеродромот „Завентем“.