Попладне пороен дожд, грмежи и ветер


Нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер, најавува за денеска попладне Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог, а ветерот да достигнува брзина над 80 км/час. Ќе има и услови за изолирана појава на град.ulica dozd 3 mk
Претпладне времето ќе биде со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 19 степени.
Во Скопје нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува кон крајот на денот. Температурата ќе достигне до 16 степени.
Утре не очекува посвежо време со врнежи од дожд, особено во западните делови, каде што на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен северен ветер. Во петок ќе има локален слаб дожд, а во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1