Бензините и дизелот поевтинуваат за 3 денари


Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе е 60 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 62, а дизелот 47 денари.

Бензините и дизелот поевтинуваат за 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.benzin benziska mk3

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.10.2016 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1