Бензините и дизелот поскапуваат од еден до два денара


Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден до два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Benzinska_pumpaНовата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,5 денари за литар.
Еуродизелот ќе се продава за 72,00 денари за литар.
Зголемување има и кај малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари. Тоа сега ќе чини 60,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот за 2,172 ден/кг.
Покачувањето се должи на зголемувањето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14. дневен период.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1