Скопјанец полово нападнал 9 год дете на железничка


siluvano

СВР-Скопје денеска поднесе кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинителство – Скопје го предаде С.Ј. (22) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

На 11.01.2013 година, околу 15 часот, во напуштен железнички вагон лоциран на железничка станица Скопје – Товарна Ражина, со употреба на сила извршил други полови дејствија врз деветгодишно дете, над кое воедно се обидел да изврши и обљуба.
МВР денеска соопшти дека пријавениот и порано е кривично пријавуван за сторени „тешки кражби“, „кражби“ и „одземање на моторно возило“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1