Бензините и дизелот значително поевтинуваат


Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денaри по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

benzin3

Согласно денешната одлука, од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 71,5 денари по литар.

Новата цена по која од полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе изнесува 60 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по  48,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 денар за килограм и ќе изнесува 30,866 денари за килограм.

Ова е најниската цена на дизел горивото во последните неколку години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1