Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари за литар, а на дизелот и екстралесното по 3,5 денари, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, новата цена на литар Еуросупер БС 95 изнесува 78 денари, а литар Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 79,5 денари. Малопродажната цена литар Еуродизел од ноќеска на полноќ изнесува 67 денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 55,5 денари. Малопродажната цена на килограм мазут М1 НС се намалува за 2,228 денари, со што новата цена изнесува 40,243 денари.