Бензините поевтинуваат


benzin4Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари за литар, а на дизелот и екстралесното по 3,5 денари, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на литар Еуросупер БС 95 изнесува 78 денари, а литар  Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 79,5 денари. Малопродажната цена литар Еуродизел од ноќеска на полноќ изнесува 67 денар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 55,5 денари. Малопродажната цена на килограм мазут М1 НС се намалува за 2,228 денари, со што новата цена  изнесува 40,243 денари.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1