Улици во Канада носат македонски имиња


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во канадската општина Маркам присуствуваше на церемонија на отворање три улици кои во чест на македонската заедница ќе ги носат имињата „Битола“, „Пелистер“ и „Даме Груев“.

kanada ulici makedonski ime– Вие сте дел од Македонија, како што Македонија е нераскинлив дел од својата дијаспора. Ве охрабрувам да продолжите да придонесувате кон ова прекрасно место и да ја одржувате позитивната слика за нашата заедничка татковина Македонија, истакна Иванов.

Македонскиот претседател упати благодарност до градските татковци на Маркам, оценувајќи дека со именувањето на овие улици придонесуваат кон зацврстувањето на односите меѓу двете пријателски земји.

– Моите домаќини ми кажаа дека уште од своето формирање, пред повеќе од два века, градот Маркам бил отворен за луѓе од различна етничка, верска и културна припадност. Тие со себе го донесоа и креативниот потенцијал и го инвестираа во овој прекрасен град, рече Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1