Берење јагоди и Сезонска работа во Финска – Информации за апликација


Сезоната на берење овошје и зеленчук во Финска е од јуни до септември, ретко до октомври. Во Финска не се плаќа за час, ниту за ден за берење на јагоди, туку по килограм, бидејќи финците не плаќаат за неработа, значи платата зависи исклучиво од тоа колку сте вредни и од можностите на работникот. Но битно е да напоменеме дека е важно да знаете англиски јазик пред се.

jagod1

Цената се движи околу 2,80 евра за 3 килограми јагоди. Просечно би можеле да наберете околу 60 килограми, што значи би заработиле 56 евра дневно, или 1680 евра месечно.

Цените за берење малини се движи од 3 до 3,5 евра за килограм. Малините се полесни од јагодите, па треба повеќе работа за да наберете еден килограм, а работодавачите може и да ве отпуштат, ако не остварите минимум 7,32 евра по работен час или во превод, ако не наберете 8 км за час.

На сезонска работа во Финска одат најмногу Украинци, Полјаци, Руси, Шпанци, Грци, Хрвати, Бугари и многу други, но меѓу нив има и Македонци.

Ако сте заинтересирани за сезонската работа во оваа скандинавска земја можете да аплицирате на повеќе места.

Информации и каде да аплицирате на – Фактор.мк 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1