Обвинителство: Загинатите мигранти се од Сомалија и од Авганистан


Основното јавно обвинителство Велес ја продолжува истрагата за железничката несреќа што се случи синоќа околу 22:30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 километри по железничката станица „Рајко Жинзифов“, поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња.voz pruga

ОЈО Велес информира дека од првичните сознанија добиени од групата од десетина лица кои од непристапниот околен шумски терен се приближиле до пругата при вршењето на увидот, добиени се сознанија дека се работи за мигранти од Сомалија и од Авганистан кои се движеле по пругата во група и во моментот кога го слушнале звучниот сигнал тие успеале да го избегнат ударот на возот скокајќи од пругата во околниот простор.

– Според машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон Скопје по изминувањето на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на околу 50-100 метри пред возот, забележале поголема група, која броела повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата. Во тој момент машиновозачот презел дејствие на интензивно сопирање на возот и вклучил звучен сигнал при што дел од лицата кои се наоѓале на пругата избегале, додека, пак, дел од нив останале и поради неможноста на толку кусо растојание возот да сопре, удрил во нив при што некои се прегазени. На растојание од околу 100-150 метри од ударот возот запрел и веќе е онеспособен за натамошно движење поради оштетувањата настанати од несреќата, стои во соопштението од ОЈО Велес.

Основен јавен обвинител од Велес заедно со увидна екипа на СВР Велес и медицински лица од Амбулантата за Брза помош во Велес излегле на лице место и извршен  увид, при што е констатирано дека на пругата се усмртени 14 лица. Повредени лица не се затекнати на местото на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1