Берлускони до Орбан: Отсекогаш сум те бранел, но прифати ги барањата на ЕПП


Некогашниот италијански премиер и лидер на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони имал “долг и срдечен телефонски разговор“ со премиерот на Унгарија Виктор Орбан со “цел да се избегне исклучувањето на партијата на Орбан (Фидес) од ЕПП.

„Форца Италија нема да гласа за твое исклучување. Секогаш те бранев и ќе бидам со тебе. Но, барам да прифатиш некои од барањата кои ги истакна ЕПП“ – му порачал Берлускони на Орбан, пренесува Анса.

Во соопштението на „Форца Италија“ се наведува дека Берлускони изразил длабоко уверување дека исклучувањето на Фидес би преставувало “голема политичка грешка“ и оти “интервенира во врвот на ЕПП и кај самиот Орбан за да се постигне заедничко и позитивно решение за останување на Орбан внатре во големото семејство на ЕПП“.

Се наведува дека Орбан во разговорот со Берлускони “ја потврдил волјата неговата партија да остане дел од ЕПП“.

Лидерот на ЕПП, Манфред Вебер изјави денеска дека останува унгарскиот премиер да одлучи во која политичка група во Европскиот парламент сака да биде неговата партија Фидес.

Ројтерс пренесува дека Вебер тоа го изјавил откако Орбан претходно за унгарското радио Кошут изјавил дека Фидес би можела да истапи од ЕПП./

Орбан изјави дека на 20 март Фидес ќе разговара по ова прашање.

Вебер вчера бараше од Фидес да ги отстрани билбордите на кои се напаѓа претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1