Екс шефот на кампањата на Трамп доби 47 месеци затвор и треба да врати 24 милиони долари


Пол Манафорт , поранешен шеф на изборната кампања на Доналд Трамп е осуден на безмалку четири години затвор за финансиски измами , откриени во текот на истрагата на посебниот истражител Роберт Мулер.

Судијата Елидс , од окружниот суд во Александрија , во државата Вирџинија го осуди 69 годишниот Манафорт на 47 месеци затвор,да плати казна од 50 000 долари и да врати над 24 милиони долари . Во август минатата година поротата го прогласи за виновен за затајување данок и банкарска измама , како и непријавување сметки во странски банки.

Иако не се бараше одредена казна , судот постапи според претходни вакви случаи , кога казната била меѓу 19 и пол у 24 години затвор.

Манафорт му се заблагодари ан судијата за благата казна и не изрази каење за постапките. Рече дека самиот судски процес бил тежок за него и неговото семејство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1