Берлускони ќе мете улици само да не оди во затвор


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска официјално побара да му биде сменета пресудата со општествено корисна работа, соопштија неговите адвокати. Берлускони е осуден на четири години за даночни измами во компанијата „Медиасет“.

silvio-berlusconi-sentences-to-year-in-prison.siПресудата беше намалена со амнестија до три години, но поради возраста на 77-годишниот Берлускони, тој нема да отслужува затворска казна. Тој има избор меѓу домашен притвор и општествено-корисна работа.

Процедурата ќе одземе повеќе време и нема да може да стапи во сила пред пролетта 2014 година. Таа треба да биде одобрена од судот во Милано, по што судот во Рим ќе треба да го определи местото каде Берлускони ќе може да врши општествено-корисна работа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1