Силвио Берлускони(76) и Франческа Паскале(27) сега се и официјално во врска.
Иако се шпекулира дека се заедно со месеци дури сега и официјално членови од партијата на Берлускони потврдиле дека овој пар е заедно.
Девојката е 50 години помлада од него, но се чини вљубена до уши. Своевремено изјавила дека светот и се врти околу 3 работи – политика, семејство и Берлускони, а велат дека била многу љубоморна на сите жени околу него.
Франческа Паскале, е девојка која на почетокот на својата „кариера“ послужувала кафе во една продавница за автомобили.
Подоцна, се појавувала на една локална телевизија, за во 2006 година да го формира одборот „Силвио, ни недостасуваш“, кога тој ги загуби изборите и најави повлекување од политиката.