Ни мисата за дечињата не мина мирно – дојава за бомба, евакуирана црквата (Видео/Фото)


crkva bomba
По информација дека во црквата има бомба, евакуирана е црква во која се одржувала богослужба посветена на жртвите од нападот. Во неа вечерва требало да пристигне претседателот на САД Барак Обама.

Како што пренесува CNN, верниците набрзина ја напуштиле црквата тврдејќи дека добиле закана за бомба поставена во близина на училиштето во кое во петокот беа убиени 27 луѓе.

crkva bomba2

Десетици полицајци во маскирни униформи веднаш пристигнале на самото место, а потоа ја опколиле и соседната зграда.

Полицијата засега не дава подетални информации. Во масакарот во Њутаун во петокот во основното училиште загинаа 20 дечиња и седум возрасни.

ФОТО/ВИДЕО: OВА СЕ ДЕЧИЊАТА – ЖРТВИ НА МАСАКАРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОНЕТИКАТ
2 ДЕВОЈЧИЊА, 8 МОМЧИЊА СИТЕ 1 ОДД – УБИЕНИ ОД БЛИЗУ СО 11 ИСТРЕЛИ СЕКОЕ – (ВИДЕО/ФОТО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1