Идентификувана жената на фото симболот на убиството во Конетикат – сестра на наставничката Херој


deca konetikatОваа фотографија на вознемирена жена која телефонира додека стои пред училиштето во Конетикат каде беа убиени 27 лица меѓу кои и 18 деца го обиколи светот и стана симбол на ужасот на оваа трагедија.

Медиумите ја идентификувале жената. Сеработи за Jillian Soto сестра на убиената наставничка херој – Victoria Soto, 27, која се фрлила пред напаѓачот за да ги заштити дечињата и загина.

Сестрата штом чула за пукањето веднаш дошла до училиштето и се обидувала да дознае за нејзината сестра која не се јавувала на нејзиниот мобилен телефон.

,,Се надевав дека е добро и таа и дечињата – но …. таа загинала бранејќи ги тие мали срциња, ги сакаше тие деца најмногу на свет, изјавила вознемирена сестрата на наставничката херој.

viktorija sotovictoria-soto-4_3_rx512_c680x510

Наставничката ги сокрила дечињата од нејзиното одделение во шкафчињата а потоа самата излегла пред напаѓачот и му рекла дека нејзиното одделение е во друга сала на настава тој сакал да влезе а таа скокнала пред него по што убиецот испукал неколку куршуми во нејзиното тело.

ФОТО/ВИДЕО: OВА СЕ ДЕЧИЊАТА – ЖРТВИ НА МАСАКАРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОНЕТИКАТ
2 ДЕВОЈЧИЊА, 8 МОМЧИЊА СИТЕ 1 ОДД – УБИЕНИ ОД БЛИЗУ СО 11 ИСТРЕЛИ СЕКОЕ – (ВИДЕО/ФОТО)

deca konetikat

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1