Беснило е опасен и смртоносен вирус – како да го препознаете и од кого да стравувате?


Последната информација за појава на беснило кај мачка во скопско Радишани, создаде паника кај луѓето во однос на опасноста по здравјето на човекот од овој вирус. Беснилото е вирус кој се вбројува во редот на смртоносни заболувања не само кај животните туку и кај луѓето. Од животно на човек се пренесува преку касање, гребење и лижење. Вирусот се наоѓа во плунката на животното, порталот Фактор разговараше со доктор по ветеринарна медицина.

besna-macka-498-Пренесувањето не може да биде со погалување,  туку исклучиво со повреда, значи оштетување на кожата на човекот од страна на животното и контакт на тој дел од кожата со плунката на животното. Кај човекот може да предизвика смрт, доколку навреме не се реагира. Овој вирус го напаѓа и прави воспаление на нервниот систем , таму се размножува и  почнува да го оштетува мозкот. Тој не се шири преку крвта туку преку нервниот систем, вели Жарко Радовиќ, доктор по ветеринарна медицина.

Кои се симптоми на болеста

Експертите предупредуваат дека доколку не се реагира брзо со соосдветна терапија која делува успешно во лечењето, болеста може да биде фатална за човекот. Првите симпотми кај луѓето се зголемена телесна температура, болка или вкочанетост на местото на повредата, кои обично се јавуваат за 20 до 90 дена по изложувањето на вирусот. Но можно е да се јават и симптоми кои пак се специфичи и за други болести, како кашлање, треска, болки во стомакот, пецкање, вонемиреност. Затоа експертите велат дека секогаш кога постои сомнеж за присуство на вирусот да се направат соодветни анализи.

macka besniloКај угинати животни вирусот може да опстане и до 48 часа. Отпорен е на најголем број средства за дезинфекција, осетлив е на сапун и јодни препарати. главен преносител на вирусот на беснилото е лисицата. Таа го пренесува вирусот на други домашни, диви животни и човекот, кај дивите животни се јавува атипично однесување, отсуство на страв, шетаат преку ден и не се плашат од луѓето. Кај домашните животни пак се јавува плашливост, вознемиреност, агресивност, чуствителност на звуци, невообичаено лаење и завивање, зголемено лачење на плунка и појава на пена на устата.

Соред официјалните податоци, во светот околу 55.000 луѓе годишно умираат од беснило ширум светот. Најголем број од овие случаи се во Азија и Африка, во Европа беснилото е присутно во Бугарија, Естонија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово.

Во Македонија првиот позитивен случај на беснило е регистриран на крајот на јули 2011 година кај лисица во регионот на Велес. Заклучно со април 2012 година регистрирани се вкупно 8 случаи на беснило кај дивите животни (лисици и волци) во околината на Велес, Виница, Кочани, Гевгелија, Македонска Каменица и 1 случај кај домашните животни (мачка) во околината на Радовиш.

Целото интервју на – Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1