„Стани и оди си“ – револуционерен нов метод во медицината


Ова може да биде вистински пробив во медицината. Денес многу лекари ширум светот не се во состојба да им помогнат на жртвите од сообраќајните незгоди, од падови од височина, од рани од огнено оружје итн. При повреда на ‘рбетниот мозок луѓето стануваат инвалиди од прва категорија и сиот свој живот се принудени да се движат со помош на количка.

Тие беа целосно парализирани, а по пресадувањето на нашата матрица со матични клетки животните почнаа да се движат. Кај нив во целост се повратија функциите на карлицата, на мочниот меур, на ректумот итн.  

KMO_101171_00382_1h_468Во што е суштината на уникатниот метод кој е разработен од страна на сибирските научници? Тој е заснован на неверојатно својство на матичните клетки да станат клетки на кој било орган. Притоа секое такво претворање се случува мошне индивидуално, според своја „шема“. За тоа во организмот постои своја команда, која иницира цела низа метаморфози. Сепак, засега науката не ја знае целата палета на такви сигнали. Но, со клетките од нервниот систем, по сè изгледа, работите станале јасни. Денес научниците можат со помош на различни хемиски сигнали да ги претвораат матичните клетки во елементи на нервниот систем и, пред сè, во неврони, кои ги пренесуваат нервните сигнали на мускулите, на кожата и на слузокожата.

– Ние спроведовме експеримент на животни на кои им беше распаднат ‘рбетниот мозок, – изјавува за „Росијскаја газета“ заслужениот пронаоѓач на РФ, доктор на медицински науки, професорот на Краснојарскиот државен медицински универзитет Игор Бољшаков. – Тие беа целосно парализирани, а по пресадувањето на нашата матрица со матични клетки животните почнаа да се движат. Кај нив во целост се повратија функциите на карлицата, на мочниот меур, на ректумот итн.

Во принцип во водечките светски лаборатории исто така можат, како што се вели „во епрувета“, да претвораат матични клетки во клетки на ‘рбетниот мозок. Но, како што често се случува во науката, иако методот е познат, во реалните експерименти тој лошо функционира. Според зборовите на Бољшаков, причината за неуспесите на странските и на руските колеги е во тоа што, одгледувајќи ги клетките на специјална матрица, тие потоа ги симнуваат и ги пренесуваат на повреденото место на ‘рбетниот мозок. Се покажало дека токму ваквиот пренос е погубен за „нежните“ клетки. Многу од нив ја губат својата функција, а многу едноставно умираат.

– Ние најдовме начин директно да ги пренесуваме клетките, без да ги симнуваме од за нив „родната“ матрица, туку заедно со неа, – вели Бољшаков. – Односно онаму каде што тие израснале, со неа и ги пренесуваме. Практично не постои загуба. Тоа и ни дозволи практично во целост да ја обновиме функцијата на повредениот ‘рбетен мозок, враќајќи ја способноста за движење.

Ваквите резултати ги издигнуваат сибирските научници на нивото на лидери во дадениот научен правец. Засега експериментите се направени само на животни. За да се премина на операција врз луѓе, на научниците им се потребни посовршени прибори, потрошни материјали, а тоа значи и финансирање. Според Игор Бољшаков, веќе е јасно како може да се примени оваа напредна технологија врз човекот. Но, можат да се појават и сложености поврзани со определени правни прашања во врска со примената на матичните клетки.

ruskarec.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1