Се полил со бензин за да се запали – ги запалил и 5 год син и полицајците


zapali

Растроен 29-годишен маж во попладневните часови во Беловар кај Сесвета (Хрватска) откако се заканил со самозапалување, со отпушок од цигара го запалил разлеаниот бензин поради што од огнот, освен него повредени се и неговиот 5-годишен син, таткото и двајцата полицајци кои дошле да интервенираат.

Мажот прво се заканил дека ќе се самозапали, а откако по повикот на неговиот татко дошле полицајци истурил запалива течност, најверојатно бензин, а потоа ја запалил, според информациите од загрепската полиција.

Детето е пренесено во болница, а според првичните информации не е во животна опасност. Полицајците, таткото и синот се тешко повредени и пренесени во клиника.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1