Камерите, радарите, казните – начин за приход на државите или борба за безбеден сообраќај?


Што имаат заедничко поставените стапици за брзо возење, билетарите на паркинзите, камерите за брзо возење, семафорите, фото апаратите? Сите овие работи, низ целиот свет, претставуваат големи извори на приходи за државата и локалните власти.

Никој не го покренува прашањето на бројките и колку сообраќајот е побезбеден со поставувањето на ваквите апарати. Дали имаме помалку или повеќе сообраќајни незгоди?

mvr-kameri-1Во периодот кога целиот свет го тресе финансиска и економска криза, чии што извор потекнува од една земја САД, голем дел од државните и локални влади буквално се дават во долгови. Токму „сообраќајното спроведување“ се користи како очајна потреба за собирање на потребните приходи. Според Националната автомобилистичка асоцијација во САД, издавањето на казните за брзо возење, покренува приходи од околу 4,5 до 6 милијарди годишно. Просечната цена на билетите за брзо возење од година на година се зголемуваат.

На пример доколку во Лос Анѓелес поминете на црвено светло, подгответе се да платите казна од 446 долари. За разлика од сега, ваквата казна пред осум години изнесувала само 271 долар. Но, тука не завршуваат главоболките за возачите.

Осигурувањето на вашето возило е зголемено исто така. Всушност, една студија покажала дека возачот кој добил само една казна за брзо возење, во наредните три до шест години ќе мора да плаќа 20 проценти поскапо осигурување.
Со еден збор, политичарите само чекаат да пронајдат начин да изнудат повеќе казни, за да можат да дојдат до повеќе пари. А еден од најдобрите и најмодерни начини се инсталирањата на видео камерите на семафорите, нешто кое што од неодамна стана тренд и во Македонија.

policeДенеска националниот просек во САД изнесува 150 долари, но во голем број на држави е далеку поголем. На пример 16 милиони казни за брзо возење се издаваат во државата Калифорнија секоја година. Просечната парична казна изнесува 250 долари. Ако сте богати, тоа нема да биде некој проблем, но ако сте еден од оние кои што едвај вадите крај со крај, тоа може да биде сериозен финансиски удар.

На пример доколку во Лос Анѓелес поминете на црвено светло, подгответе се да платите казна од 446 долари. За разлика од сега, ваквата казна пред осум години изнесувала само 271 долар. Но, тука не завршуваат паричните казни за возачите. Осигурувањето на вашето возило е зголемено исто така. Всушност, една студија покажала дека возачот кој добил само една казна за брзо возење, во наредните три до шест години ќе мора да плаќа 20 проценти поскапо осигурување.

police-lights-generic5Но, постои уште еден проблем. Патиштата низ Америка, а полека и кај остатокот од светот се трансформираат во надзорна мрежа. Имено полицајците преку специјални апарти кои ги читаат регистриските таблички можат да дознаат се за вашиот сообраќаен режим. Можат да дознаат дали ви истекле казните за плаќање или дали имате некои дополнителен прекршоци. Но, истите апарати можат да се користат и за набљудување на вашето движење, на пример кога ќе влезете или излезете од некој град.

Фотографирањето на една регистарска табличка во одреден период на една градска улица, не би требало да изгледа проблематично. Но, кога тие податоци ќе се стават во базата, во комбинација со други скенови од други градски улици, кои потоа се чуваат засекогаш, тоа може да стане сериозен проблем и притоа да открие голем број на информации за вас.

Снимањата на одреден период, не само што може да открие, каде живеете и работите, туку може и да ги дознаат вашите политички и религиозни верувања, вашите социјални навики, вашите посети на доктор и поврзувања со други лица. Со еден збор сериозно е загрозена вашата приватност, па логично се поставува прашањето дали би сакале да живееме во општество во кое што „Големиот брат“ постојано ги следи нашите движења?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1