Лицето открива болести и недостаток на витамини


Темни кругови укажуваат на недостаток на железо, рани на устата, недостаток на витамин Б и Ц, а темните дамки на вратот знак на дијабетес тип 2. Кафето може да предизвика црвенило.

Лицето открива многу за здравјето, од навиките во исхраната и начинот на живот, вели еден британскиот дерматолог д-р Таби Лесли. Алкохолот е најлош за кожата, а сличен ефект имаат и стресот и прекумерното вежбање, пишува Дејли Меил.

red_face_blushing

Испиено лице

Иако вежбањето е добро за вашето тело, претерувањето му штети. Веќе на почетокот на тренингот лицето се вцрвенува од проширувањето на крвните садови, но после 15 минути на мускулите им треба повеќе кислород, па крвта се пренасочува од лицето на остатокот од телото. Лицето го губи кислородот и образите стануваат воспалени, а мускулите на лицето постепено слабеат. Затоа е препорачливо комбинаци во вежбите. Па така, трчањето и возењето велосипед е најдобро во комбинација со вежби за истегнување и обликување, како што е јогата. Исто така, избегнувајте цигари и масна храна.

Подуено лице

Алкохолот предизвикува зголемено лачење на хормонот на стресот кортизол, кој предизвикува таложење на маснотиите во образите. Тоа дава впечаток на отечено лице.

Алкохолните пијалаци се богати со шеќер, кои го успоруваат производство на колаген и ја намалуваат  еластичноста. Лицето станува подуено, кожата виси, а мускулите го губат својот облик.

Брчки

Брчките се последица на стареењето, а оние поголемите и повеќе впечатливите се знак на прекумерно изложување на сонце. Дерматолозите препорачуваат користење на крема за сончање со заштитен фактор, особено околу очите и на челото бидејќи кожата е тенка и повеќе чувствителна.

Бледа кожа

Бледата кожа укажува на недостаток на овошје и зеленчук во исхраната. Зеленчукот содржи каротеноиди, пигменти кои даваат здрава боја на кожата. Со само три порции на ден вашата кожа ќе биде посјајна, но на дебелите луѓе им се препорачува поголоеми количини, бидејќи салото го апсорбира каротеноидот.

Покрај тоа, бледиот тен може да биде резултат на неподвижност или недостаток на вежбање. Крвните садови не добиваат доволно кислород, а со тоа се губи здравиот сјај.

Steaming+Your+FaceТемни дамки на вратот

Темните дамки на вратот може да бидат показател на дијабетес тип 2. Тие се поврзуваат со високото ниво на инсулин во крвта, а ако состојбата не се лекува на време навистина може да се зголемат. Најдобро решение е строга диета, која освен за проблемите со кожата ќе помогне и во контролата на шеќерот во крвта.

Уморна кожа

Премногу кафе може да ја исуши кожата и да предизвика црвенило. Значи, ако секој ден пиете три шољи кафе, со секоја испиена чаша се препорачува да да се испие една чаша вода за да се спречи дехидрација.

Освен кафето причина  за уморна кожа е и ниското ниво на витамин Д во организмот. Витамин Д е одговорен за создавањето на нови клетки на кожата, а недостаток црвенило и исцрпеност.

usni mustakji

Акни

Иако на акните повеќе влијае генетика од начин на живот, експертите велат дека зголеменото консумирање на млечни производи и високо калорична храна може да ја зголемат појавата на мозолчиња на лицето.


Рани на рабовите на устата
Слични ефекти како млечните производи има и исхраната богата со протеини, а сиромашна со јагленохидрати. Протеините содржат амино киселини кои стимулира производството на тестостерон, а со самото тоа и мрсна кожа и акни. За контрола на акните помагаат омега-3 масните киселини и овошјето и зеленчукот.

Недостаток на витамин Б и Ц е виновен за раните на усните. Витамин Б има анти-воспалителна активност, а витаминот Ц помага во побрзо закрепнување. Во случај на испукани усни најдобаро е во исхраната да вклучите храна богата со витамини, како што се грав, портокали, пиперки и пченкарните житарки.

Подочници

Анемијата или недостатокот на железо во крвта најчесто се поврзуваат со темни кругови под очите. Проблемот е честа појава кај вегетаријанците, бидејќи месото е главен извор на железо. Тоа помага во побрзо закрепнување на кожата, а ако недостасува лицето е бледо и уморно. Поради заморот се шират крвните садови, а кожата под очите е особено тенка и чувствителна и тие стануваат видливи.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1