Само вака смеете да му дадете виски на лекарот по новиот закон


Протоколот за хоспитална култура кој наскоро ќе стапи на сила, ќе ги контролира и подароците за лекарите, пишува Здравство24.

doktoriВиски, кафе или бонбониера повеќе нема директно во канцеларијата на хирургот. Со новиот протокол доколку некој од пациентите сака да остави подарок, пијалок, или слично во вредност не поголема од 1.000 денари, истиот се остава исклучиво на пултот кај сестрите со назнака за кого е наменет, а потоа истите го предаваат. За секоја поплака, од пациент пак, за дрско и недолично однесување на вработен треба веднаш да биде покрената дисциплинска постапка за да се утврди дали имало одговорност и задолжително да се викне и пациентот или другиот вработен да даде изјава.

Со хоспиталната култура и лекарите и останатиот персонал нема да имаат приватни телефонски разговори кога мора да работат со пациенти. Односно, телефонските разговори (особено приватни) мора да бидат што е можно пократки и истите не смеат да бидат во присуство на пациент или кога пациентот чека одговор од медицинското лице.

Телефонски разговор надвор од земјата е дозволен само во службени цели, со дозвола од директорот на здравствената установа. Сите забелешки и критики од страна на пациентите, членовите  на нивните семејства и посетителите се сослушуваат со трпение и почит и објаснувањата се даваат мирно, со насмевка и аргументирано, а секогаш кога пациентите, членовите  на нивните семејства и посетителите се незадоволни од одговорот се бара арбитрирање од главна сестра, раководен работник или директор на здравствената установа, или се пренесуваат истите до нив.

Работниците кои работат на шалтер во комуникацијата со пациентите, членовите  на нивните семејства и посетителите задолжително се обраќаат со: повелете господине/госпоѓо/госпоѓице во второ лице множина, секогаш со јасно објаснување, со смирен тон и должна почит и со водење сметка дека истите се обраќаат заради потреба од медицинска помош. Протоколот за хоспитална култура доби поддршка и од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална култура

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1