Беснило се појавило во северна Грција


besniloДве заразени животни во реонот на Кожани и Костур биле фатени деновиве за кои е потврдено дека имале беснило, веднаш по нив биле откриени уште две бесни лисици и во реонот на Кукуш.

Законот предвидува против смртоносната болест да се преземаат мерки во радиус од 50 километри,а тука спаѓаат и областите Солун и Иматија.

-Беснилото не засега сите нас, а не само животните или ловците, изјави началникот на ветеринарната дирекција во областа Централна Македонија, Јоргос Вафиадис.

Тој ги повика жителите да ги вакцинираат кучињата, мачките, како и овчарските кучиња, кои можат да влезат во контакт со лисици и други животни, кои ја пренесуваат болеста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1