Беспарицата ќе ги остави граѓаните дома за Нова година


Поголемиот дел охриѓани и стружани ќе останат дома за Нова година, оти, како што велат, беспарицата си го прави своето. Тие со подлабок џеб ќе одат надвор од државата, а најмногу зантересирани имало за Будва, пренесува Радио слободна Европа.

Од туристичките агенции во Охрид и Струга велат дека и оние аранжмани кои ги продале за Нова година се од поевтините за разлика од минатото кога граѓаните оделе за празниците и до Египет.13ee0801ff06a393dc52d5e83d89a71f91045093615d8be6ef39788ecad58e54

„Има интерес од нашите граѓани од Охрид за поблиските дестинации. Доста имаме заинтересирани за Будва и веќе дел се реализирани. Поевтините дестинации се бараат годинава. Патуваат повеќе оние кои можат да си дозволат и тие имаат можност и преку интернет да си купат аранжмани“, рече Елида Битрак од ТА Елида турс од Охрид.

„Интересот е на доста слабо ниво посебно за стружани кои сакаат да патуваат надвор од Струга. Дестинации кои се интересни се поевтините и имаме голем интерес за Будва бидејки таму има добра забава. Стружани најверојатно празниците ќе ги поминат во своите дома“, рече Анкица Крстаноска од туристичката агенција Аура травел од Струга.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1