Натпреварот помеѓу Србија и Албанија моментално е во прекин поради беспилотното летало кое се појави над стадионот на Партизан.
Албански навивачи пуштија мал летечки објект во воздух (кој се управува со далечински управувач) а на истиот имаше албанско знаме кое леташе над стадионот во Белград. Во перидоот од 38 до 40 минута од првото полувреме над игралиштетот се појави мал хеликоптер со паролата автономија. Публиката почна да реагира, играчите протетсираа кај судијата, кој ја сопре играта.
Ова ги налути навивачите на српската репрезентација а дел од нив дури и влегоа на теренот, при што главниот арбитар го прекина мечот.
Ситуацијата кулминира кога фудбалерот на Србија Стефан Митровиќ успеа да го фати знамето. Играчите на Албанија му се нафрлија на стоперот на Србија, а потоа и сите фудбалери се вмешаа во турканицата. Имаше и поединечни влегувања од публиката, но полицијата брзо реагираше.
Судијата Аткинсон ги повика фудбалерите да го напуштат теренот и натпреварот моментално е во прекин.