Бесплатен бензин, полицајци на камили: Дали наседнавте на некоја од овие првоаприлски шеги?


Вчерашниот ден беше полн со првоаприлски шеги. Голем број од европските медиуми одлчија барем во еден  напис да се пошегуваат со своите читатели. Некои од нив не сакаа премногу да ги збунат читателите, па шегите беа воочилви, додека други речиси предизвикаа паника, пренесува Индекс..

„Индепендент“ објави дека американската имиграциска служба во иднина ќе биде погостопримлива кон оние кои влегуваат во нивната земја, затоа што сегашниот пристап не поминува добро кај туристите. Затоа, во иднина ќе бидат облечени во униформи со штрафти и ѕвезди, а патниците по пасошката контрола ќе се поздравуваат со лесен удар дланка со дланка.1 april

Истиот медиум најде нова работа за Џереми Кларксон. Откако беше отпуштен од Би-Би-Си, ќе го вработи бритенскиот премиер Дејвид Камерон како негов посебен советник за превоз чија задача ќе биде меѓу другото да го подигне угледот на британските возачи во светот.

Освен овие вести, Индепендент објави и дека фудбалскиот клуб Арсенал и производителот на спортска опрема Пума ги соединиле силите и ќе ја претстават новата топка, посебно дизајнирана за играчите кои играат со лева нога. Први ја пробале Санта Казорла, Месут Озил, Начо Монреал и Хектор Белерин, кои едноставно биле воодушевени од неа.

Полициската станица во Редклиф на Твитер објави дека граѓаните можат да одлучат кого од затворениците сакаат да го ослободат од затвор, а тој со најмногу гласови добива и платен одмор.Полицијата на својот официјален профил на Твитер поставила објава дека доколку познавате некого во затворот, можете да гласате за негово ослободување, а оној кој ќе има најмногу гласови, ќе биде пуштен со џепарлак од околу 700 евра и ќе добие и бесплатно патување. dejl-kregan-foto-policija-mancester-twitter-1427901779-632445

Мирор тврди дека таинствена агенција ќе ги провери Твитер и Фејсбук за да открие која партија ќе владее со земјата. Таинствената Канцеларија за проценки ќе ги разгледа твитовите и постовите на Фејсбук и ќе види кого сака јавноста за шеф на државата.

Австралиската страница за споредба на цени објави дека ова би можело да биде последен Велигден со зајачиња од вистинска чоколада. Имено, во светот владее недостиг на какао, поради што неговата цена расте, а залихите би можеле да се потрошат веќе до крајот на 2015 година.

Полициската станица од Нов Јужен Вел објави на Твитер дека за своите вработени купува камили.

policajci kamila

Апликацијата со која можете да ја нарачате такси објави дека има нов додаток, „Uber boat“ со која луѓето погодени од поплавите во Тајланд можат да нарачат чамец.

Британската пошта објави дека во продажба ќе пушти серија на поштенски марки со лицето на најпознатите комичари, меѓу кои се Дадли Мур и Монти Пајтон.

Островското Радио 4 тврди дека ФИФА ќе ги зголеми головите за 15 сантиметри во ширина и висина, а пренесува и изјава од Дејвид Бекам кој тврди дека со тоа ќе се „зголеми интересот за фудбалот, затоа што ќе имате повеќе успешни шутеви и фудбалот би станал многу полесен за просечниот човек.

„The Sun“ тврди дека Сајмон Ковел се согласил неговото лице да се најде на банкнотата од пет фунти, додека Бекам ќе се најде на банкнота од 20 фунти.

Телеграф објави за планот Кривата кула во Пиза да се претвори во луксузен хотел, а со парите кои би ги заработиле од Хотелот 3.99, што го означува аголот под кој е навален, редовно би можело да се обновува. Цената за една ноќ во хотелот е само 20.000 евра.piza1

Германската Комерзбанка објави дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во обид за решавање на финансиските проблеми предложил воведување на еднократка лиценца на користењето Питагорината теорема – цена од едно евро. Пресметани од 1 април 570 година пред нашата ера, Грција со тоа би заработила 107,443,980,002,362,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000 евра по камата од четири отсто, пресметаа педантните германски банкари.

Германски ФАЗ објави дека Европската централна банка отвора ресторан со поглед наречен „Заоѓање на еврото“. Во понудата е евтин оброк за сиромашните Европејци од југот.

Британски Гардијан пишува дека Џереми Кларксон се придружил на кампањата против користење фосилни горива.

– Кларксон изјави дека доживеал просветлување и се надева дека е ја врати довербата на британската јавност така што ќе посвети време и пари во борба за користење на одржливата енергијата, безбедноста во сообраќајот и развивање на толерацијата меѓу различните култури и религии, пишува Гардијан.benzin33

Слична тема имаше и во Обединетите Арапски Емирати каде сите сакаат да стиснат на педалата за гас и никој не размислува за потрошувачката на бензин. Весникот Национал на насловната страница објави дека владата разгледува забрана за употреба на теренци и СУВ возила, а сопствениците се поттикнуваат да ги заменат со автомобилите за зачувување на околината.

Бесплатниот лондонски дневник Метро објави фотографија на жена која скока по трамполина за да дофати производи на горната полица. Тоа е новата услуга која ја понуди синџирот супермаркети Теско, се додава во весникот.

ЦЕРН на својата Интернет страница објави  дека во нивниот Голем хадронски судирач недвосмислено докажал дека постои сила.  Откритието го потпиша научникот Бен Кеноби. Како љубителите на „Војна на ѕвездите“ тоа веќе да не го знаееја.

Хонда објави дека во продажба ќе го пушти новиот автомобил HR-V-Selfie, опремен со десет камери на различни места во автомобилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1