БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ: Пијаните гости во охридските кафулиња добија ваучер за такси


Охридската полиција  во рамки на превентивната кампања „Биди трезен стигни жив“ низ неколку кафулиња во градот врши доброволно алкотестирање на дел од гостите. svr ohrid

Според соопштението од СВР – Охрид, на оние што ќе бидат тестирани ќе им бидат доделувани црвени или зелени картони, а на лицата кај кои ќе се констатира поголемо количество алкохол ќе им бидат доделени ваучери за бесплатен такси-превоз.

Според податоците на СВР Охрид, во првите осум месеци од оваа година во Охрид случени се 216 сообраќајни незгоди што претставува извесно намалување, споредувајќи со минатата година кога за истиот период се случени 220 незгоди. Во истиот период годинава се регистрирани две сообраќајни незгоди со смртни последици, наспроти трите незгоди со трагичен епилог случени минатата година.

Целта на кампањата „Вози трезвен-стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и други возила и подигнување на свеста за штетните и кобни последици од возењето под дејство на алкохол.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1