Бесплатна ужинка и екскурзии за основците во Карпош


Во рамките на единаесеттата седница на Советот на Општина Карпош, која денеска се одржа во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, советниците позитивно се изјаснија за Предлог – Програмата која опфаќа изменување и дополнување на Програмата за образование за основните училишта во Карпош за 2014 година.

stevco3Локалната самоуправа ќе обезбеди парични средства во вредност од 3.700.000 денари, од кои 1.200.000 ќе бидат насочени за бесплатни ужинки за сите првоодделенци, а со 2.500.000 денари ќе се покријат трошоците за еднодневни екскурзии за основците од прво до деветто одделение, кои се школуваат на територијата на Општина Карпош.

советниците ја одобрија и одлуката со која се одобруваат финансиски средства за ФК ,,Лепенец’’, за надомест на штета за опожарено ателје и за поддршка на алпскиот скијач Антонио Ристевски, кој ќе ја претставува Македонија на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1