Бесплатни ужинки за учениците од прво и второ одделение во Карпош


Учениците од прво и второ одделение од основните училишта на територија на Општина Карпош оваа година ќе имаат бесплатни ужинки, а на учениците од прво до петто одделение еднодневните излети исто така ќе им бидат платени од општинската каса.

– Ова беше решено на седница на Советот на Општина Карпош со прифаќање на измените во Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за дејноста образование за 2014 година. Ваквата бенефиција за учениците стартуваше минатата година со бесплатни ужинки за првачињата, а предвидено е секоја година во бенефициите да се вклучуваат децата од еден клас погоре, соопшти Општина Карпош.

skolo vnatreНа денешната 19-та седница на Советот на општина Карпош е донесена Одлука за спроведување на постапка за вршење итна дезинфекција и дератизација на јавните установи, општински градинки и општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош, како превенција од епидемијата на жолтица.

Советниците го усвоија и Извештајот за работите во однос на Јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полицискта станица од општа надлежност „Карпош“ за првите шест месеци за 2014, како и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 1 април до 30 јуни 2014 година.

Меѓу донесените одлуки на денешната седница и одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот, со која оваа давачка се зголеми за 0,5 насто, односно наместо досегашните 3 проценти на територија на Карпош тој ќе изнесува 3,5 проценти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1