Писателот Скот Кејс, прелетал повеќе од 30 илјади километри и посетил 13 земји, вклучувајќи ја и Македонија и сето тоа бесплатно.
Тој своето двомесечно патување го испланирал до детаљ.
Секогаш кога ќе купувал нешто со една од своите 25 кредитни картички, добивал таканаречени „поени за бесплатно летање“. Скот ги посетил Мексико, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Санта Лусија, Гренада, Германија, Чешка, Украина, Бугарија, Грција, Македонија, Литванија и Финска.
28- годишниот Кејс внимателно ги собирал поените секогаш кога ќе користел кредитна картичка, се до моментот кога не собрал доволно за оваа несекојдневна авантура низ 13 држави.
Неговиот пат вклучувал и бесплатен престој во хотели и лет во прва класа.