Ученик од Тексес тешко се повредил на час по физичко, а неговите родители веруваат дека останал жив благодарејќи на Божјата волја, Тинејџерот Зак Клемент тврди дека умрел на 20 минути, а во живот го вратило чудо за кое е заслужен само бог. На овој 17-годишник престанало срцето да му работи на 20 минут. Лекарите успеале да го оживеат и да му го вратат пулсот дири откако со хиликоптер е префрлен во болница.
Тој се пробудил неколку дена подоцна на оделението на интензивна нега. Лекарите не знаеле да објаснат како ова младо момче можело да преживее. Меѓутоа тој вели дека кога престанло срцето да му работи, се појавило суштество во облик на човек со долга коса и му рекол да не се грижи, изјавил за новинарите. Неговото семејство е уверено дека по повредата во текот на трчањето го спасила господовата интервенција. Неговиот татко Били рекол дека тоа што се случило неможе никој да го објасни, додека неговата мајка вели дека и е мило што Бог одлучил да го врати нејзиното дете во живот.