Без 400 евра во џеб не помислувајте на генералка – кречење, перење теписи…


Без 400 евра в џеб воопшто не почнувајте да планирате пролетно реновирање на станот. Сумата ви е потребна ако ангажирате молери, перете теписи и правите генералка. Ако, пак, решите сами да молерисувате, боите врати и прозорци и сами си ги перете килимите, доволни ќе ви бидат и 150 евра помалку.

krecenje cistenjeЗа да купите поликолор, длетарки, валјаци, мрсна боја за дрвенаријата, длет-маса и други алати, потребни ви се околу 250 евра. Пресметките што ги направи „Дневник“ се за стан од 65 квадрати и опфаќа бојадисување на станот, бојосување на врати и прозорци, претходно длетување на оштетените површини, перење килими и детељно чистење на плочките во бањите.

Во молерските фирми првичната цена што ќе ви ја понудат е 20 до 30 денари по квадрат за молерисување со ваша боја. Поликолорот чини од 450 до 900 денари за 25 литри, а за овој стан ќе ви бидат потребни минимум две пакувања или околу 20 евра. Ако, пак, се одлучите да молерисувате со нивен материјал, тогаш цената е повисока и се движи од 45 до 60 денари за квадрат.

– Ако имате оштетени ѕидови, тогаш мора да ги средиме со длетување. Тоа значи 90 денари од квадратен метар. Ако сакате јаки бои на ѕидовите, најдобро да си го купите материјалот. Бидејќи бојата е акрилна, најниската цена е околу 1.600 денари за едно пакување

Цена за лепење тапети. Во зависност од тоа дали сте решени да ги следите модните трендови и да се одлучите за фототапет или за обични тапети, цената се движи од 2 до 4 евра за квадрат. Ако, пак, се решите да ги освежите и вратите и прозорците, трошокот нагло расте. За класична врата треба да одвоите 15 евра по врата, а за прозорец со едно крило потребни ви се исто толку. Ако прозорците се двојни, цената расте за пет евра.

За килимите кои обично се перат напролет, потребни ви се 60 до 80 денари за квадрат. За таа цена сервисите доаѓаат до дома, ги земаат теписите или теписоните, ги перат, сушат и ви ги враќаат.

За сите, пак, кои се водат по принципот „направи сам“, пролетното чистење ќе им заштеди околу 150 евра. Но затоа треба да одвојат добар дел од слободното време или да земат денови од годишниот одмор. Но, не треба да заборават дека освен потрошниот материјал, им треба и алат.

Така, за валјак за молерисување треба да одвојат од 150 до 200 денари.

– Цената е различна и зависи од тоа колку пари е подготвен муштеријата да одвои, дали сака и стетоскопска рачка, кој вид поликолор ќе купи. Имаме за сите по нешто. Ако го мазни ѕидот, треба длетарка. Цените се од 50 денари нагоре. Лепило за тапети за 40 квадрати е околу 300 денари, а најлонот за заштита на мебелот е околу 20 до 30 денари за квадратен метар. За боите со кои се премачкуваат вратите и прозорците потребни се околу 300 денари, а за четките околу 50 денари

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1