Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари.
Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче Грачани, Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка во Општина Сарај и Ѓорче Петров.
Од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козара“ од бр.15 до бр. 38 во Општина Центар, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. „Орце Николов“ бр. 155 и Центарот за странски јазици во Општина Карпош и од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.