Пожар во Министерството за правда ФОТО


Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е изгаснат. Повредени нема, причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарна бригада на град Скопје изјави дека во пожарот изгореле три канцеларии на четвртиот кат, но оти од големата топлина има оштетување и на околните простории.

Пожарот е пријавен во 16 часот и 45 минути, а како што изјави заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, кој бил присутен во зградата, рече дека алармот се запалил во 16 часот и 30 минути и веднаш е почната евакуација на лицата кој биле присутни во зградата.

– Немаше многу од вработените. Јас бев на 5. кат и ние последни слеговме. Пожарот избувнал на 4. кат. Што е причината се уште не знаеме. Нема човечки жртви, немаше луѓе во моментот кога веќе беше многу критична состојбата во зградата. Не знам точно што е сега опожарено на четвртиот кат. Тука се финансии, сметководство, не знаеме точно каква е штетата, изјави Ристовски.

Во гаснење на пожарот интервенираа 10 возила со 25 пожарникари. Причината ќе биде позната откако ќе се изврши увид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1