Поради зафати што ќе ги врши ЕВН Македонија АД, ќе има привремени исклучувања на териториите на општините Чаир, Карпош и Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Краварска и Алберт Станиќ.
Од 8.30 до 14.30 струја ќе немаат корисниците од улиците Ордан Чопела, ул. 145 и ул 147.
Од 9 до 15 часот ќе биде исклучена струјата на улиците Скупи и ул. 3 на територијата на Карпош.
Од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од ул. 162, ул. 165, ул. 166, ул. 171 и ул. 172 на територијата на општина Центар.