Без струја голем број улици во Скопје


Регионалниот центар за кризи на Град Скопје известува дека поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре без струја ќе останат:

Од 9 до 12 часот корисниците од улица Скупи ББ, покрај река Вардар кај Графички Центар, како и и корисниците од населба Драчево, но и дел од улицата Румена Хаџипанзова.struja

Од 9 до 17 часот струја ќе немаат корисниците во село Визбегово – Стар Качанички Пат (од бензинската станица на Макпетрол) кон ПолиестерДеј и Живинарска фарма „Визбегово“ Резиденција Угриновски – Визбегово, Монико, КаргоТранс, Дексион, Сервис Адем, Метал Техна и Супер Микс.

В понеделник од 8.30 до 14.30 без струја ќе бидат корисниците од улиците Серава, Панче Неделковски и Коста Абрашевиќ, во Чаир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1